14.6 C
Skopje
Tuesday, May 20, 2025

(ВИДЕО) Советник од Аеродром од ТМРО сакаше да тепа колега од СДСМ

Советот на Општина Аеродром на денешната седница донесе одлука да се распише референдум во врска со прашањето за населување и интеграција на мигранти на територијата на Општината. Референдумот би се одржал заедно со локалните избори закажани за 15 октомври годинава, со цел да не се создаваат дополнителни трошоци. Одлуката не ја поддржаа советниците на опозициската советничка група на СДСМ.

Дискусијата во Советот се водеше во вжештена атмосфера. Во еден момент додека на говорницата беше советникот од СДСМ, Марко Данилоски, неговиот постар колега од ТМРО, Александар Шехтански, се обиде физички да го нападне.

Додека советникот на СДСМ Марко Данилоски зборуваше од говорницата, советникот од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Александар Шехтански вербално и физички се обиде да го нападне нашиот советникот Данилоски. За сето тоа време претседателот на Советот Камиловски ниту го опомена, ниту го спречи, советникот Александар Шехтански.

Но, Шехтански му дофрлуваше дека лаже и дека 11.000 бегалци за два дена ќе влезат во Македонија. Во еден момент Шехтански се доближи до Данилоски, а атмосферата се обидоа да ја смират другите колеги, кои го тргнаа советникот од ТМРО и не дозволија да се случи инцидент.

 

Извор + Видео: Нова ТВ

поврзани објави

     

Последни објави