Оваа Влада за која велиме дека е нова всушност имаше една генерална проба до спроведувањето на парламентарните избори и дел од министрите кои и тогаш во таа влада беа најекспнирани ги имаме и сега, вели универзитетската професорка, д-р Тања Каракамишева – Јовановска во вечерашното отворено студио на Телевизија НОВА
Додека беше владата до спроведување на парламентарни избори министрите и дополнителни министри од редовите на СДС и ДУИ не беа на ниво на задачата за која беа поставени. Напротив, тераа политики кои повеќе се приватни бизниси отколку политики кои се во корист на националните и државните интереси. Таквиот имиџ и таквото портфолио се одржува и понатака во рамките на оваа нова влада – вели Каракамишева.
Таа додава дека имаме еден континуитет на работа која нема врска со интересите на граѓаните.