12.8 C
Skopje
недела, април 19, 2026

Пишува историја во германскиот фудбал: Жена суди натпревар во Бундеслига

Познатата германска судијка Бибиана Стенхаус (38) во текот на викендот ќе испиша историја во германската Бундеслига.

Денеска е потврдено дека оваа 38. годишна полицајка после шест години судење во втора лига во Германија конечно ќе одработи еден натпревар во Бундеслигата односно мечот помеѓу Херта и Вердер.

Таа истакна дека ова за неа претставува големо задоволство и дека конечно добила шанса да суди во елитен ранг.

Воодушевена сум што конечно дојде на ред овој голем предизвик за мене и за мојата екипа. Добро сме припремени за ова, рече судијката.

Во текот на кариерата таа судела на многу важни натпревари помеѓу најдобрите германски клубови. Меѓутоа, сите натпревари биле во Купот, а пред неколку години тогашниот играч ан Херта Петер Нејмуер случајно ја додирна по градите, што предизвика големо внимание кај медиумите.

поврзани објави

Последни објави