1.8 C
Skopje
Saturday, November 2, 2024

Шеќеринска: Слободни, независни со јасна цел и членство во НАТО и ЕУ – тоа е нашата цел!

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска денеска пеш по стрмен пат се искачи на Бушева планина во Крушево, во придружба на високи претставници на ЕУ и НАТО.

Министерката истакна дека на Македонија и треба заедништво и истрајност.

Сметаме дека оние реченици од македонската химна дека Македонија слободно живее се навистина нашето мото гесло во кое навистина веруваме. Слободни, независни со јасна цел и членство во НАТО и ЕУ, ќе бидеме подобра и постабилна држава за сите граѓани, изјави Шекеринска.

На настанот на Бушева планина меѓу присутните беше и шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, Горазд Бартол кој рече дека Македонија ја има поддршката на патот кон алијнсата, кој додаде дека смета дека Македонија има нова подготвена влада која ќе го продолжи патот кој го трасираше – членство во НАТО и ЕУ.

поврзани објави

Последни објави