Сања Ристовска за „Нова Македонија“ од Атина
Борисов откри дека следниот месец заедно со неговиот грчки колега ќе побара средба со Жан Клод Јункер за, како што рече, да му ги претстават нивните идеи за целиот регион.
– На Жан Клод Јункер, како наш добар стар пријател со Алексис, ќе му кажеме дека не многу одамна друг дел од Балканот, пред 20 години, се колевме, се тепавме, се убивавме и од тоа не излезе ништо позитивно. Се разбира, историјата е историја, секој се држи до своите национални вредности и приоритети, но ние сега сите сме дел од големото европско семејство, а други балкански држави сакаат да стигнат до него – објасни бугарскиот премиер, истакнувајќи дека двете земји, Бугарија и Грција, се во позиција да играат важна улога за една општа балканска политика што треба да се води. Според Борисов, еден од проблемот на Балканот е која држава е најголема.
– Дали е голема Бугарија, дали е голема Албанија, голема Грција, голема Македонија, дали е голема Србија. Ако тргнеме од ова најголемите да обединуваат или да разделуваат, историјата во однос на тоа е доста јасна – рече бугарскиот премиер по средбата со неговиот грчки колега.
Повеќе за ова на следниот ЛИНК Нова Македонија