Оној човек за кој одевме по митинзите од Скопје до секое место во Република Македонија да го слушнеме она што ни го кажуваше и она што ни го најавуваше а тоа беше – Независна, Самостојна, Суверена Република Македонија. Јас не би должел многу. Го поканувам Претседателот од Основачкото Собрание на ВМРО ДПМНЕ од 1990 година, потоа првиот Претседател на ВМРО ДПМНЕ избран на Конгресот во Прилеп, повторно избран на Конгресот во Кичево, понатаму на Конгресот во Струмица 1999 година повторно избран за Претседател на ВМРО ДПМНЕ, 2003 година на Конгресот во Охрид избран за почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ, сега почесен претседател на ВМРО НП и со еден збор ЛИДЕРОТ НА ВМРО во Македонија, г-динот Љубчо Георгиевски. Вака зборуваше некогашниот наш сопартијец Марјан Додовски за лидерот на ВМРО во Македонија Љубчо Георгиевски. Нека ни е честит Денот на Независноста браќа и сестри ВМРОВЦИ!
Пишува: Мики Георгиевски – читател

