Уште од порано е познато дека Тотенхем работи на изградба на нов стадион, а отварањето е закажано за следната сезона.
Новиот дом на Спарс би требал да биде со капацитет од 61 илјада, додека неговата изградба ќе чини неверојатни 750 милиони фунти. Ако се оди по планот стадионот ќе биде завршен до следната година, па Тотенхме следната сезона би требало да ја запчне на нов фантастичен терен.
Она што е интересно за овој стадион е што на него ќе се играат две НФЛ натпревари секоја од десет години отварање, па секој спорт ќе има своја подлога. Уметничката трева за НФЛ ќе биде под фудбалскиот тревник кој во три дела се развлекува под стадионот.