20.8 C
Skopje
Wednesday, May 21, 2025

Ван Гал за Јунајтед: Им го земав секое евро…

Холандскиот тренер Луис Ван Гал ја прокоментира ситуацијата кога го напушти Манчестер Јунајтед.

Радосно ја примија веста во Манчестер дека Луис Ван Гал ќе биде нивен нов менаџер, но набрзо љубовта престана и Холанѓанецот стана омразен во клубот поради лошите резултати.

Како тренер заслужував доверба, а беше ми ставена јамка околу вратот. Никој ништо не кажа во моја одбрана и во одбрана на целиот тим. Мојата сопруга примети дека односот на челниците на клубот спрема мене се промени. Жените имаат интуиција, јас тоа не го видов, рече Ван Гал.

Чим Мурињо стана слободен, почнаа секојдневни натписи по медиумите како Јунајтед игра досадно, како нашата игра не личи на ништо…. тоа се зборуваше со една цел – да си одам, додаде поранешниот тренер на Јунајтед.

Се можеше на друг начин да се заврши. Да ми рекоа да си одам на крајот на сезоната, а дека до тогаш ќе имам поддршка ќе беше сосема друго… дури на денот кога ми кажаа дека си одам, кажаа дека ќе го доведат Мурињо како јас тоа да не го знаев. Да беа коректни можеа да ја заштедат мојата годишна плата. Вака, им го земав секој денар“, додаде тој.

поврзани објави

     

Последни објави