8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

ВИДЕО: Ирма пристигнува на Флорида

Силниот ветер и дожд од ураганот Ирма започнува да ја фаќа Флорида вечерва што е најава за приближувањето на ураганот од трета категорија.

https://www.facebook.com/pg/RTAmerica/videos/

Ветрови со брзина од над 200 километри на час во текот на денот ја погодија Куба, каде што јачината на ураганот се намали од четврта во трета категорија.

Сепак, вечерва пред да ја погоди Флорида се очекува повторно да добие на јачина.

Фото

Центарот на ураганот треба да ја погоди Флорида во отприлика 3 часот по македонско време и да продолжи да се движи нагоре кон центарот на САД по источниот брег на полуостровот.

Според предвидувањата Флорида ќе биде погодена од ветрови од над 220 километри на час и огромни количества на вода, кои заедно со ветерот ќе предизвикаат големи поплави.

Властите во Флорида препорачаа евакуација за повеќе од 6 милиони жители на државата, а гувернерот Рик Скот изјави дека ова е најсилната бура што некогаш се заканила на Флорида.

поврзани објави

Последни објави