11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

ВИДЕО: Ураганот Ирма пристигна на Флорида

Ураганот Ирма го започна својот „напад“ на Флорида денеска откако окото на бурата го погоди долниот дел од полуостровот како бура од четврта категорија.

Ирма во Флорида пристигна со ветер со брзина од над 215 километри на час, а според властите во САД бурата ќе продолжи со слични брзини во текот на денот додека се движи северо-западно кон внатрешноста на САД.

Hurricane Irma hits US coast

LIVE Hurricane Irma hits Florida coastpart courtesy: WPBF

Posted by RT America on Sunday, September 10, 2017

Полицијата на Ки Вест им порача на жителите, кои не се евакуирани да останат во засолништата или во затворен простор додека бурата целосно не помине.

Полицијата исто така им порача на жителите да не излегуваат надвор кога над местото на кое се наоѓаат ќе минува окото на бурата, бидејќи тогаш временските услови можат да дадат лажна слика дека бурата минала.

Десетици илјади луѓе во Флорида се во засолниѓта, а повеќе од 430 илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Властите на Флорида во текот на вчерашниот ден препорачаа на повеќе од 6 милиони граѓани да ги евакуираат своите домови.

поврзани објави

Последни објави