Базел вечерва гостува на Олд Трафорд на екипата Манчестер Јунајтед во рамките на 1 коло од групата од Лигата на шампионите и јасно е дека во дуелот со Црвените ѓаволи ќе бидат аутсајдер.
Швајцарскиот првак би имал поголеми шанси за победа против Манчестер Јунајтед ако во изминатиот период не ги продадеше своите најсилни ѕвезди, кои денеска доминираат на терените шурим Европа. Секако, во модерниот фудбал “малите“ клубови како Базел просто не можат да ги сочуваат вонсериските таленти подолго од една, две или можеби три години и да се одбрани од налетот на богатите клубови, кои доаѓаат со вреќи милиони и купуваат сето она кое навистина вреди во фудбалскиот свет.
Така поранешните фудбалери на Базел денес играат битна улога во клубовите како Барселона, Арсенал или Ливерпул, додека на стадионот на Базел играат некои нови деца, непознати за широката фудбалска европска јавност.
Дрим тимот на Базел составен од играчи кои го носеа црвено – плавиот дрес во последните десет години изгледа доста импресивно. На голот би бил Yam Sommer, кој доаѓа од младинската фудбалска школа на Базел а денес е чувар на мрежата на Борусија, додека во одбраната би играле Александар Драговиќ (Лестер), Фабиан Шар (Депортиво) Адам Траоре, Мајк Ланг, кој е уште член на швајцарскиот шампион.
Средниот ред би изгледал уште позастрашувачки со Иван Ракитиќ и Гранит Џака. Ако е потребно да се нагласи, Џака настапува за Арсенал, а Ракитиќ за Барселона. Во нападот на тимот би биле Брел Емболо, Џердан Шаќири и Мухамед Салах од Ливерпул, кои би го составиле ударното трио кое би било доста опасно за противничките одбрани.