13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Игор Југ пренесен во Шутка, Богдан Илиевски во ИК на ВМРО ДПМНЕ

Еден од учесниците од „крвавиот четврток“, Игор Југ, кој на 27 април беше во Собрание, денес е однесен  во истражниот затвор во Шуто Оризари. Тој го одлежува изречениот притвор од осум дена, кој судот му го одреди пред четири месеци. Хрватот Југ, кој беше дел од толпата која насилно влезе во Парламентот и физички се пресмета со пратениците од СДСМ, вчера беше уапсен во Куманово, во стан на 100-на метри од полициската станица. Полицијата соопшти дека тој не дал отпор при асењето.

За разлика од него, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски е на слобода, и учевствува во работата на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Според Јавното обвинителство, кусиот притвор се должи на тоа што Југ се товари за дело, за кое се одлучува по скратена постапка, но не се исклучува можноста истрагата да биде проширена.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, Судот при крајот на април годинава со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во времетраење од осум дена. Времетраењето на притворот од осум дена е бидејќи во моментот на поднесување на предлогот лицето се гонеше за кривично дело кое налага скратена постапка.

Во моментов за осомничено лице, надлежното Основно јавно обвинителство Скопје води истрага за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.(Г.Д)

поврзани објави

Последни објави