2.8 C
Skopje
Thursday, November 30, 2023

Сите им се смеаат: Погледнете го составот на ‘отпадоците од Челси”

Луѓето од управата на Челси кои се задолжени за привлекување и продажба на играчи имаа неколку сериозни грешки во последните неколку години.

Да не продаваа играчи во кои не видоа голем потенцијал, а кои денес се големи ѕвезди на европскиот фудбал, Челси денес сигурно би имал многу посилна екипа.

Вистински примери на играчи од кои Челси лесно се откажа, а не требаше се Кевин Де Брујн и Ромелу Лукаку. Тие двајца заминаа во Евертон, односо Волфсбург, а подоцна за огромни суми преминаа во Манчестер Јунајтед и Сити.

Освен нив Челси, по мислењето на многумина, направи големи грешки што го продаде Мохамед Салах, Немања Матиќ и Хуан Мата. Англиските медиуми одлучија да направат идеална постава од фудбалери кои Челси ги продаде во последните години и таа изгледа доста импресивно.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -