37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

Костовски ги претстави најважните проекти за Бутел од неговата програма

Имаме јасна визија и цел од наш Бутел да направиме подобро место за живеење и работење. Нудиме програма која носи просперитет и развој. Бутел заслужува стабилност и сигурност тоа треба да го добие. Бутелчани заслужуваат сигурна и надежна иднина за своите деца. Со мисла за подобро утро за сите граѓани, одиме напред, сложно и заеднички, чекориме гордо и достоинствено, во нашето ново утро. Имаме план и визија. Имаме јасна цел пред нас, од наш Бутел да направиме општина по европски терк, истакнува кандидатот за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

Тој ги претстави десетте најважни проекти во неговата програма.

1.Изградба на детски градинки во населени места „Св. Климент Охридски“ и „Живко Брајковски“, места кои што имаат реална потреба од вакви проекти.

2.Изградба на два ултра модерни паркови, со целосна урбана опрема, цветни површини, фонтани, детски катчиња, ви-фи мрежа итн. Едниот помеѓу населено место Расадник и населено место „Св. Климент Охридски“ другиот кај поранешните одпади кај кружниот тек, за овој проект имаме изработено визуелизација која ќе ја презентираме многу наскоро.

3.Изгадба на модерен спортски комплекс во населено место расадник, комплекс кој ќе содржи фудбалски, кошаркарски, ракометни, тениски терени, стаза за трчање итн. И за овој проект ќе има визуелизација која ќе биде презентирана наскоро.

4.Создавање на услови за изградба на поликлиника во Бутел!

5.Изградба на улични модерни фитнес зони во секое населено место, проект кој наскоро ќе има визуелизација.

6.Уредување и разеленување на кејот на реката Серава и изградба на пешачки патеки, проект кој ќе има визуелизација.

7.Изградба на мини баскет игралишта во секое населено место и за овој проект ќе има визуелизација.

8.Целосна реконструкција на улица „Бутелска“.

9.Асфалтирање на улици, сите улички кои немаат асфалт ќе бидат асфалтирани.

10.Реконструирање на пензионерските домови на територија на општина Бутел.

-Почитувани Бутелчани, водени сме од мотото, „Секогаш работа, секогаш Македонија“, нашата работа е видлива и мерлива. Вие граѓаните знаете да препознаете, кој работи и создава, кој може да го реализира тоа што го ветил. Одберете број 13 затоа што вие најдобро знаете во каков Бутел сакате да живеете, порача Костовски.

поврзани објави

Последни објави