1.8 C
Skopje
среда, декември 10, 2025
spot_img

Француски турист спасил автобус да падне во провалија откако му се слошило на возачот !

spot_img

Француски турист спречил смрт на 22 лица во австриските Алпи, откако успеал да сопре автобус кој тргнал кон провалија кога му се слошило на возачот.

65-Годишен маж кој бил во групата на француски туристи, седел во првиот ред во автобусот кој се возел по планински пат во близина на Швац, во Тирол, во Западна Австрија кога на возачот наеднаш му се слошило и само паднал од седиштето, соопштува полицијата.

Дел од автобусот веќе излетал ја нагазнал заштитната ограда и се движел кон провалијата длабока 100 метри, кога човекот скокнал од своето седиште и успеал да ја притисне кочницата, се додава во соопштението на полицијата.

„Бевме на работ од катастрофа“, изјавил еден очевидец и додал дека рефлексите на тој патник и фактот дека успеал да го сопре возилото биле „невидена среќа“.

Девет лица биле хоспитализирани после тој инцидент, кој се случил во саботата.

поврзани објави

Последни објави