Пред сезопната на скијање, исечени и украдени каблите на четири од петте топови за снег на Пониква. Засега нема индиции за сторителите и висината на причинетата материјална штета.
Топовите и ратракот се донација од компанијата МЕПСО , која под образложение дека инвестира во развојот на зимскот туризам, за оваа намена во 2014 година одвои над еден милион евра.
Опремата беше поставена на Пониква, но истата небеше соодветно заштитена, за што имаше неколку рекции во медиумите.
Кој е одговорен за кражбата на каблите е одговор кој треба да го даде полицијата, но извесно е дека истата ќе нанесе штета на претстојната скијачка сезона.
Намената на опремата беше да обезбеди услови за скијање во отсуство на природен снег, но без кабли тоа нема да се случи, па во ваква ситуација, на љубителите на скијањето, но и на овдешните угоистители, не им преостанува ништо друго освен да се молат снегот да дојде од небото.
Инаку, Пониква е единствениот ски центар во Источниот регион, кој во сезона дневно го посетуваат и до 2.000 гости.
Извор: ТВ Стар