6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Почина носителот на независната лисна во Кичево

По девет дневна борба за живот во скопската клиничка болница, почина носителот на независната листа на советници во Кичево, Алит Абази, кој на 27ми септември беше застрелан во близина на полициската станица во Кичево.

Абази во болницата бил пренесен со тешки повреди во стомакот и рбетниот столб, по што веднаш беше пренесен на операција. По операцијата бил пренесен на интензивна, каде после големиот напор од лекарите, Абази денес им подлегна на повредите.

Од Јавното обвинителство велат дека истрага се уште е во тек, и се чекаат извештаите од вештачењето.

поврзани објави

Последни објави