Најмалку четири деца и еден вработен загинаа во пожарот што предизвика поранешниот чувар во градинка, во Јануба, во бразилската држава Минас Жераис, пренесува „Индепендент“.
Се известува дека пожарот го поставил човек кој работел како чувар во градинката и кој неодамна бил отпуштен.
Сликите објавени во социјалните медиуми покажуваат хаотични сцени во градинката, додека родителите плачат за своите деца.
Како што е соопштено од страна на Би-Би-Си, околу 40 лица биле транспортирани во локалната болница, додека најмалку 25 лица биле третирани со изгореници. Најголем број повредени деца се на возраст меѓу 4 и 5 години.
Некои од нив беа транспортирани во хеликоптери во болниците во главниот град, каде што има специјализирани единици за изгорување.
Градоначалникот на Јанауба прогласи седум дневна жалост.
Impossível precisar números, mas o caos reina nas ruas de Janaúba pic.twitter.com/f4g9bNTiSt
— Lucas Félix (@lucasfelix) October 5, 2017
Morador de Janaúba mostra a movimentação em torno do Hospital da cidade após um segurança atear fogo em uma creche pic.twitter.com/lZZekYJdKF
— Luiz Melo (@Luizmelo50) October 5, 2017