-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Асанж е спремен да се предаде на Американците, но само под еден услов

Oсновачот на Викеликс, Џулијан Асанж ќе се согласи да биде екстрадиран во САД , доколку заминувајќи претседателот Обама ќе го помилува поранешниот војник Челзи Менинг осуден поради проток на  важни документи.

Доколку Барак Обама се согласи на овој услов, Асанж ќе биде екстрадиран . Тој од 2012 година живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, заради избегнување на екстрадиција во Шведска каде што треба да одговара за силување.

Тој и порано истакна дека се плаши дека во Шведска би го екстрадирале во САД, бидејќи таму е баран поради објавување на илјадници војни и дипломатски документи.

 

поврзани објави

Последни објави