Селекцијата која годинава ни донесе најмногу радост, фудбалската репрезентација за играчи до 21 година, денес по три години пауза го забележа првиот пораз.
Во Скопје сосема заслужено славеше Србија со 0-2, со голови постигнати во првиот дел преку Луќиќ и Живковиќ. Новата генерација на селекторот Благоја Милевски денес прикажа една неубедлива и пасивна игра, па северниот сосед сосема заслужено славеше.
Шанса за поправен Македонија има веќе следниот четврток кога гостуваме во Португалија кај аутсајдерот Гибралтар, меч од кој сите очекуваат победа.