„Младите за Кочани“ денес на последниот ден од предизборната кампања го одржаа завршниот прес и тоа на градскиот стадион „Никола Мантов“. Носителот на листата Венко Крстевски и се обрати на јавноста:
Вистинско задоволство ми претставува што последната прес-конференција ја одржуваме на местото каде што е одигран првиот официјален фудбалски натпревар на македонската фудбалска репрезентација по осамостојувањето на Република Македонија и каде што настапува еден од најстарите фудбалски клубови во државата.
За малкумина можеби ГФК Осогово не значи ништо, но за кочанчани тоа е вистински бренд, традиција и симбол на обединување. Како што тонеше наше Кочани, така тонеше и нашиот клуб. Ситуацијата моментално е алармантна и клубот нема основни услови за егзистенција.
Затоа ние како членови на идниот совет ќе се заложеме градот и клубот да ги вратиме таму каде што им е местото, со подобра организација, со подобри услови за функционирање на фудбалерите, да го вратиме ГФК Осогово таму каде што му е местото, а тоа е ПРВА ЛИГА. Бидејќи во градот не постои политичка партија, организација или институција, што може преку еден викенд на било кое место да собира над 2000 луѓе публика, со самото тоа имаме ДОЛЖНОСТ да му помогнеме на клубот.
Независна листа на група избирачи носител Венко Крстевски