Утрово во 4:40 часот во Ургентниот центар во Куманово е пренесено лице на 19 годишна возраст со иницијали Б.С од Куманово, кај кого било константирано прострелна рана во пределот на подколеницата. Случајот веднаш бил пријавен во полицијата.
„Констатирано е дека повредата е настаната од огнено оружје која лицето Б.С ја здобил во кафе бар „Тунел” во Куманово”, известуваат од СВР Куманово.
Кумановската полиција додаде дека се превземаат сите неопходи мерки за расчистување на случајот.