Во организација на Глобалната организација на пратениците против корупцијата (GOPAC), Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г-ѓа Лилјана Кузмановска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет, г. Васко Ковачевски и г-ѓа Владанка Авировиќ, членови на Комисијата, учествува на регионален парламентарен состанок на тема: „Иновативни средства за надзор и неформални платформи на пратениците за зголемен надзор и транспарентност: презентација на портал за надзор над јавните финансии”. Состанокот ќе се одржи во Белград, во Народното собрание на Република Србија на 6 и 7 ноември 2017. На состанокот ќе бидат размените мислења за механизмите кои им стојат на располагање на пратениците за контрола врз трошење на јавните средства како и за имплементација на антикорупциското законодавство и функциите на државните институции надлежни за борба против корупцијата.