Грчкиот министер за транспорт Христос Спирцис најави дека до крајот на годината ќе почне воведување на нов систем на наплата на патарини, при што ќе се укинат наплатните рампи. Според најавите, патниците ќе ја плаќаат патарината преку мобилен телефон или специјални апарати, а износот што ќе се плаќа ќе зависи од поминатата километража.