Селекторот на фудбалската селекција на Македонија, Игор Ангеловски по бројните откази за пријателскиот меч со Норвешка, беше приморан да повика нови фудбалери. Прво име кое дови дополнителна покана е Кире Марковски, а денес и Анес Османоски.
Станува збор за млад, 17-годишен фудбалер кој ги брани боите на германскиот треголигаш Унтерахинг.
Османоски инаку е стандарден репрезентативец на Македонија во селекцијата за играчи до 17 години.