2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Град Скопје ќе субвенционира купување печки на пелети, како мерка против загадувањето

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје  (домаќинствата) за користење обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите коишто ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик, а заклучно со22.11.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик трае 7 (седум) календарски дена од денот на објавувањето, заклучно со 22.11.2017 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен’’. Јавниот повик е објавен на официјалната страна на Град Скопје (овде), а право на субвенции имат само граѓаните на скопските општини без исклучок.

поврзани објави

Последни објави