Милан во донегашниот дел од сезоната се наоѓа во катастрофална форма, иако во текот на летниот трансфер период се засилија со неколку звучни имиња. Росонерите еденоставно не играат како да се воопшто нешто очекува од оваа екипа, а кризата на Сан Сиро трае веќе неколку недели. Навивачите кривицата ја пронајдоа во тренерот Винчензо Монтела, кој некако успеваше да остане на клупата на Милан, но денес дојде крајот на неговата ера. Имено, челниците на Милан утрово одржале состанок по повод лошите резултати на клубот и донеа одлука да му врачат отказ на Монтела. Според италијанските медиуми, нов привремен тренер на Милан ќе биде Џенаро Гатузо, кој досега ја водеше клупата на Милан Примавера. Оваа одлука баш и не ги израдува навивачите на Милан кои очекуваа некој со поголемо искуство на тренерското место. Многумина се надеваа на враќање на Карло Анчелоти, но искусниот стратег не сакаше да преговара со својот поранешен клуб.