Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, и членот од редовите на експертите, Атанас Урумов поднесоа оставки, со што бројот на членови кои си заминуваат од Државната изборна комисија се зголеми на шестмина. На функција остануваат уште членот на БЕСА, Ермира Асани Салија, и двајцата членови предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашко Срцев. Според непотврдени информации Бонева и Срцев исто така ги подготвуваат своите оставки.