10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Мурињо има „ѓаволски“ план: За Дибала е спремен да даде 180 милиони

Најтрофејниот англиски фудбалски клуб, Манчестер Јунајтед, по сè изгледа уште една сезона ќе остане без трофеј во Премиер лигата. „Ѓаволите“ на Жозе Мурињо во оваа сезона бележат позитивни резултати, но далеку се од игрите и успесите на градскиот ривал, Сити.

„Граѓаните“ по 16 одиграни кола се осамнати на врвот на табелата со дури 11 бода повеќе од Јунајтед и според сите аналитичари и критичари, тие ќе бидат новите шампиони на Премиер лигата.

Веќе е познато дека прва трансфер-цел на Мурињо оваа зима ќе биде првата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, а како што откриваат британските медиуми „специјалниот“ има на ум да состави убиствен напад, а за тоа покрај Гризман му е потребен уште еден офанзивец, кој ќе игра веднаш зад Лукаку.

Според истите, Мурињо побарал од раководството на клубот да испратат понуда за најдобриот играч на Јувентус, Пауло Дибала, а таа би изнесувала неверојатни 180 милиони евра.

Јувентус веќе неколку трансфер-периода одолева на богатите понуди за Аргентинецот, но доколку сумата која ја нуди Јунајтед навистина пристигне на маса, тешко дека раководството на „старата дама“ ќе ја одбие.

Извор: Гол.мк

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -