8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Се подготвува предавство на ВЕКОТ – Азар преминува во жесток ривал на Челси

Од една страна одамна се шпекулира дека Еден Азар би можел да го напушти Стемфорд Бриџ. Како негов нов дом се споменуваше Реал Мадрид. Од друга страна, на Олд Трафорд сакаат капитално засилување.

Овие денови се посилно се спомнува дека Герет Бејл би можел да се врати во Англија и тоа баш во Манчестер Јунајтед. Така во Реал би се направило место за долго посакуваниот Еден Азар. Меѓутоа, ако им се верува на островските медиуми, Жозе Мурињо има нешто друго во план. Тој сака повторно да соработува со Белгијанецот, а наводно Црвените ѓаволи спремаат преку 100 милиони евра за негов евентуален трансфер во Јунајтед.

Да се прашува Антонио Конте, не би продал ниту за жива глава. Но да се прашуваше само Конте Челси немаше да го продаде ниту Немања Матиќ токму на Ман. Јунајтед.

Меѓутоа, управата на Сините во последната година повлекува интересни потези иможеби би можеле да подлегнат на понудата од Јунајтед, особено ако таа биде деветоцифрена.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -