По повод новогодишните и божиќните празници, Здружението за Македонско- Бугарско пријателство Кочани ги посети основните училишта Малина Поп Иванова- Кочани и Крсте Петков Мисирков- Оризари. Претставниците на Здружението подарија новогодишни пакетчиња на паралелката со посебни образовни потреби во О.У. Малина Поп Иванова и на првоодделенците во Крсте Петков Мисирков. Членовите на огранокот во Кочани се заблагодарија за убавиот пречек од страна на наставниците и дечињата и им посакаа многу здравје,среќа,успеси, во новата година!