Хрватските медиуми јавуваат дека три рибарски бродчиња, со полициска придружба, утринава испловиле да ловат во спорните територијални води на границата меѓу Хрватска и Словенија. Словенија вчера најави дека ќе почне да ја имплементира одлуката на арбитражниот суд според која спорните води во Пиранскиот залив, кој Хрватска го вика Савудриска вала и припаѓаат на Словенија. Хрватските бродчиња отпловиле да ги соберат мрежите кои во петокот ги оставиле во морето, и се вратиле во своите пристаништа со уловот.