11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Првата дама им подари новогодишни пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести

Маја Иванова, сопругата на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска ја посети Клиниката за детски болести во Скопје, и на децата кои се лекуваат на клиниката им подели новогодишни пакетчиња по повод Новогодишните и Божиќните празници, информираат од кабинетот на претседателот.

„Традиционално, последниот ден од годината го поминувам со децата коишто се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје и за жал новогодишната ноќ ќе је пречекаат овде. Новогодишните подароци што денеска им ги дадовме барем за миг ќе ја вратат насмевката и радоста на детските лица. Посетите на детската клиника ми се секогаш драги, затоа што сум овде за да поддржам, да поттикнам, или да се вклучам во реализација на некој проект кој што значи подобрување на здравствената заштита на децата во Република Македонија“, изјави Иванова.

 

Првата дама во во 2013 година беше покровител на Националната донаторска кампања под мотото „Да помогнеме навреме”, со која, со целосна поддршка на Турската меѓународна агенција за соработка и развој – ТИКА, беше изграден Ургентниот центар на Клиниката за детски болести.

Под покровителство на г-ѓа Иванова, и со поддршка на ТИКА, годинава се финализираше и проектот за реновирање и опремување на Одделот за интензивна нега во рамките на Детската клиника, со кој се обезбеди нов и реновиран простор, најсовремена и модерна опрема и мебел, по сите најсовремени стандарди, со што се подобрија условите на Детска клиника и за најмалите пациенти.

поврзани објави

Последни објави