13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВИДЕО: Јутјубер сними како се прават пилешките медаљони во Мекдоналдс

Пилешките медаљони во рестораните за брза храна често се мета на теории на заговор за нивниот состав и прехранбени вредности, иако никој не го оспорува нивниот вкус.

Еден Јутјубер успеа да влезе во фабриката за производство на Мекдоналдс, каде што сними како всушност се прават пилешките медаљони.

Мекдоналдс за медаљоните користи само пилешки гради и додаваат зачини. Единственото негативно кај медаљоните од здравствен аспект е што се пржат, но сепак тие се добар извор на протеини.

Пред неколку години имаше документарка во која што беше претставено дека пилешките медаљони по рестораните за брза храна се прават со различни хемикалии, но Светската здравствена организација го демантираше тоа.

поврзани објави

Последни објави