13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ципрас: Решението за спорот за името ќе биде во корист на мирот и соработката на Балканот

На денешната седница на грчката влада на дневен ред се најде и прашањето за името, иако не беше главна тема. Спорот за името беше спомнат од страна на грчкиот премиер Алекис Ципрас во неговото обраќање пред министрите.

Тој нагласи дека постои прозорец за решение, доколку има искрена намера од соседите. Ципрас најави дека во следните неколку дена ќе покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во таа насока.

– Имаме прозорец за решение, доколку се покаже дека промената на ставот на нашите соседи е искрена. Решение, кое ако се постигне ќе биде во корист на мирот и соработката на Балканот, но и во корист на една нова динамика за нашата земја во поширокиот регион. Во следните денови ќе се покаже колку е изводливо да се направат суштински чекори во оваа насока, рече Ципрас во обраќањето пред министрите од неговата Влада.

Неговото обраќање пред министрите беше фокусирано на економијата, а сосема кусо се осврна и на прашањето за името.

Спроед грчките медиуми, не е исклучено во затворениот дел од седницата, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас да ги информира останатите министри и премиерот за последните случувања во македонско-грчките односи.

поврзани објави

Последни објави