Актуелниот шампион во Шпанија, Европа и светот е во голема криза и веќе на половина сезона останува без прва од наведените титули. Неуспешна одбрана на шампионската титула во Ла Лига ја потврди ремито кај Селта (2:2) во 18. коло.
Реал така остана на 16 бодови зад водечката Барселона. Но актуелниот шампион ќе го испушти и второто место, каде што е Атлетико со седум бодови повеќе од градскиот ривал, па дури и третата позиција, на која е Валенсија, со пет бодови повеќе.
Екипата на Зидан има натпревар помалку, но и да го победи Леганес во заостанатиот меч, врвот и Барселона и понатаму остануваат недостижни и му бегаат на Реал со дури 13 бодови.
Реал во моментов е четврти. Последниот пат во првенството завршил под третото место дури пред 15 години, кога имале седум бодови помалку од шампионот Валенсија. Со ремито во Виго веќе четири гостувања во првенството се без победа, што не им се случило од 2008. година. Во наведената „црна“ серија паднале трет пат во последните 20 години.
Бенитезов Реал после 17 кола во Ла Лига имаше 36 бодови и постигна 45 голови. Зинадин Зидан кој го наследи, после 17 првенствени натпревари оваа сезона, има четири бода помалку, а постигнал дури 13 голови помалку од Бенитез.
Кога Бенитез доби отказ, Реал беше трет во Ла Лига, четири бодови позади водечкиот Алетико и со два бода помалку од Барселона. Две години и четири дена подоцна, неговиот наследник е четврт, со 16 бодови позади водечката Барселона, седум бодови зад второпласираниот Атлетико и со пет бодови помалку од Валенсија.