6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ЗИМСКИ ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА 2018 ГОДИНА

Овен

Подгответе се за еден од вашите најубави периоди: вклучувајќи ја и големата сексуална енергија со која ќе зрачите. Вашиот идеален партнер е во еден од водените знаци (Риби, Рак или Скорпија), чија професија е поврзана со грижата кон животни, деца или постари лица. Но, не дозволувајте нивната љубезност и сочувство да ве прелажат – тие имаат високи барања и очекувања како што имате и вие.

Оваа личност ќе ја запознаете на некое место каде што луѓето одат за да добијат совет, лечење или инструкции. Како што е универзитет, канцеларија, финансиско советувалиште и слично. Не звучи забавно, нели? Без оглед на местото, дотерајте се и заблескајте, бидејќи ве очекува средба со вашиот иден партнер.

 Бик

Воздушните знаци (Вага, Близнаци, Водолија), обично не се вашите идеални партнери бидејќи тие не се љубители на гушкањето и нежностите. Но, оваа личност е постара (помудра), па затоа неговиот цинизам и ладен пристап со текот на времето „омекнале“. Затоа, сега личноста од некои од овие три знаци е вистинската за вас.

Ќе се соочите со материјален проблем (финансии, наследство, осигурување), кои ќе треба да ги средите, а ситуацијата воопшто нема да биде лесна. Без разлика на потешкотиите, за среќа многу бргу ќе ги решите непријатностите и во меѓувреме ќе го запознаете вашиот иден партнер.

Близнаци

Пред вас е долга врска со личност која пред се ќе биде ваш партнер во животот, ќе ви направи да се чувствувате безбедни. Ќе имате заеднички интереси и цели, а голема е веројатноста дека овој идеален партнер ќе биде во некој од земјените знаци ( Девица, Бик или Јарец).

Со оваа личност ќе ве запознае пријателка, која е дружељубива, љубопитна, а тоа ќе се случи на некој настан или вечерно излегување. Подгответе се за вистинско романтично уживање!

Рак

Подгответе се за „проблематична“ личност. Некој кој на прв поглед ќе делува потполно ладен и затворен, но всушност длабоко во себе ве посакува. Но, тоа е и вашата мисија во животот, да помагате на луѓето и да ги усреќувате, така што ова е идеалната личност за вас.

Оваа личност најверојатно ќе ја запознаете на некое патување, можеби за Божиќ. Додека се забавувате, ќе ја забележите оваа личност. Постои можност тоа да биде и личност од вашето минато.

Лав

Вас ве очекува запознавање на љубовта на својот живот. Романса која кај вас ќе ја разбуди страста. Големи се можностите тоа да биде воден знак (Риби, Скорпија или Рак) или некоја многу креативна личност, која изобилува со идеи. Ви претстои огромна забава.

Најпрво обрнете внимание на бројот 6. Второ, насочете го погледот кон новите колеги на работа, вашиот вообичаено опкружување.

Девица

Очекувајте започнување на љубовна приказна ссо личност родена во еден од земјените знаци (Девица, Бик или Јарец), кој е посветен на науката. Амбициозна, одлучна и посветена личност. Накратко кажано: Победник во вашите очи.

Ќе се најдете во некоја хаотична ситуација од која ќе излезете како победник и запознавајќи го вашиот иден љубовен партнер.

Вага

Ќе се најдете во љубовна игра со личност која што ќе бие излезена од врска која вклучувала изневерување и повредување. Не бидете строги кон таа личност, вреди да се потрудите. Дефинитивно ќе биде некој од воздушните знаци (Вага, Близнаци или Водолија).

Ќе го запознаете за многу брзо време, затоа држете ги очите широко отворени. При напознавањето ќе се запрашате дали е можно тоа да е личноста што ќе ве привлече? Да, верувајте тоа е идеалниот партнер за вас.

Скорпија

Вашиот идеален партнер е личност која ја обожавате со години. Ова ќе биде исполнување на вашата долгогодишна желба. Ве очекува состанок од соништата за кој никогаш не сте ни замислувале дека ќе ви се оствари.

Потребно е да го направите првиот чекор. Целата потрошена енергија, подготвување и зборување ќе се исплати.

Стрелец

Вашето внимание ќе го привлече личност на која одамна и се допаѓате, но едноставно тоа не било од никакво значење за вас. Погледнете подобро, која е таа личност која се труди, а вие ја игнорирате?

Голема промена ве очекува оваа зима, период кога ќе го разграничите минатото од сегашноста. Кога ќе решите да одвоите време за себе, ќе се појави таа личност. Вашата најголема поддршка, потпора и изненадувачки добар љубовник.

Јарец

Некој воздушен знак (Близнаци, Вага или Водолија) кој е на одмор или во релаксиран период од животот, ќе влезе длабоко во вашата приватност. Одличен период за многу интимни моменти.

Она што ќе ве задржува заедно е водењето суштински разговори на многу заеднички теми. Оваа врска има потенцијал да прерасне во љубов која трае цел живот.

Водолија

Постара, успешна и авторитативна личност ќе ви се појави во животот. Вие сте бунтовник, па затоа ова ќе биде одлична комбинација. Вистински пример дека спротивностите се привлекуваат.

Љубов уште на првиот поглед.

Риби

Ќе наидете на личност која поминува низ тежок период од животот, за која вие ќе најдете разбирање, љубов и сочувство. Ќе ја извлечете оваа личност од вистинска криза, а таа никогаш нема да го заборави тоа.

Ќе се запознаете во која чудна ситуација, кога ќе бидете во одредена неволја, но со тек на време се ќе дојде на свое место и ви претсти одлична љубовна приказна.

поврзани објави

Последни објави