13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Црвените ѓаволи во шок: Шведската фудбалска легенда заминува од Олд Трафорд!

Иако беше очекуван како спасител на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ не може да ја врати формата по долгата пауза поради повреда и најверојатно ќе го напушти тимот уште пред крајот на сезоната.

Англиските медиуми тврдат дека тој ќе остане на Олд Трафорд најмногу уште два месеца по што ќе прифати една од понудите од САД или Кина каде е исклучително популарен. Првенствата во овие земји почнуваат во март и најверојатно Ибра тогаш ќе го напушти Јунајтед.

Од враќањето во тимот по долгата пауза, шведскиот интернационалец постигна само еден гол и тоа во Лига купот против Бристол Сити. Тој натпревар Јунајтед го загуби со 1-2 и доживеа шокантна елиминација.

поврзани објави

Последни објави