35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Фараж: Можеби треба да има втор референдум за „Брегзит“

Можеби е време за втор референдум за „Брегзит“ да се стави крај на „мрморењето“ на оние кои не ги прифаќаат резултатите од првиот.

Ова го изјави британскиот политичар Најџел Фараж за време на телевизиско шоу, објави „Индепендент“.

Фараж беше лидер на Британската независна партија и беше еден од главните активисти на британската кампања за напуштање на земјата на Европската унија. Сега тој рече дека политичките фигури против „Брегзит“ никогаш нема да престанат да го критикуваат гласањето и затоа е најдобро да се одржи повторно.

„Тие ќе продолжат да се жалат и мрморат за време на целиот процес, па можеби, и само можеби – треба да има втор референдум“, рече Фараж.

Досега сите кои го поддржуваа „Брегзит“ категорично ја отфрлаа оваа идеја, со образложение дека тоа ќе биде „предавство на волјата на луѓето“, демонстрирана на гласањето во 2016 година.

поврзани објави

Последни објави