7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СУДОТ ГО ОДОБРИ ОБВИНЕНИЕТО ЗА ТИФАНИ, НА ИВОНА ТАЛЕВСКА ЌЕ И СЕ СУДИ ЗА ЗАТАЈУВАЊЕ ДАНОК

Кривичниот суд го одобри обвинението на специјалното јавно обвинителство за предметот „Тифани“ во кој Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување.

„Судија за оценка на обвинител акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а обвинението се одобрува во целост. Откако, по одобреното обвинение, ќе биде оформен кривичен предмет, распределен кај судија за понатамошно постапување и насрочена главна расправа, судот дополнително ќе ја информира јавноста“, соопштија од кривичниот суд.

Во предметот „Тифани“ едно лице, како сопственик и управител на „Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје“ и агенцијата „Смарт“, е осомничено за затајување данок.

Осомничената за периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да одбегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок.

Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на осомничената одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.

А1on.mk

поврзани објави

Последни објави