13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Косово ќе потроши 3 милиони долари за лобирање во САД

Претседателот на Косово, Хашим Тачи ангажирал американска лоби конпанија која треба да му помогне во подобрувањето на односите со САД. Медиумите информираат дека компанијата е блиска до американскиот претседател Доналд Трамп, а косовската држава услугите на агенцијата ќе ја чинат 52 илјади долари месечно.

– Договорот е потпишан на 22 декември 2017 година, денот кога Тачи се обиде да го укине Специјалниот суд. Компанијата идентични услуги им даваше и на двајцата добри пријатели на Тачи, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама, констатира приштинскиот весник „Експрес“.

Компанијата „Балард партнерс“ ја раководи лобистот Брајан Балард, а според медиумите тој треба да помогне во подобрување на имиџот на Тачи меѓу Американците.

Договорот важи до 21 декември 2019 година, а вкупниот износ на пари ќе биде исплатен на осум рати.

поврзани објави

Последни објави