13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Албанскиот премиер се фали: Благодарение на мојата влада е донесен законот за албанскиот јазик во Македонија

Албанскиот премиер , Еди Рама, пред младите евросоцијалисти се пофали дека благодарение на неговата влада бил донесен законот за албанскиот јазик во Македонија.

Посочи дека усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија е голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли.

За време на конференцијата на Форумот на младите еворсоциалисти на Албанија (FRESSH),посветена на 26 годишнината од формирањето, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон односите со Македонија.

поврзани објави

Последни објави