fbpx
24.2 C
Skopje

ВИДЕО: Словенците му приредија изненадување на Вујо за неговиот 57. роденден

АКТУЕЛНО

Словенечката репрезентација заедно со Македонија се пресели во Вараждин, каде ќе го продолжи натпреварувањето на Европското првенство (ЕП). И покрај многуте негодувања за судиските одлуки во првите два натпревари со Македонија и Германија, федерацијата на Словенија одлучи да го остави тимот на шампионатот во Хрватска.

Денес, Веселин Вујовиќ, селекторот на Словенците, го прослави својот 57. роденден, а играчите и неговите помошници му направија изненадување во хотелот „Свети Мартин“.

Ви благодарам многу. Славењето на мојот роденден со вас стана традиција. Среќен сум што вие сте мои пријатели и фамилија. Ви посакувам многу среќа и успех“ , кратко се заблагодари Вујо.

https://www.facebook.com/rokometnazveza/videos/vl.1690037904595020/1338902059464809/?type=1

Во првиот меч од главната фаза, Словенија игра против олимпискиот шампион Данска.

 

 

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -