18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

ФОТО: Транспарент „Македонија на Македонците“ на одбележувањето на Водици во Скопје

На одбележувањето на празникот Богојавление- Водици во Скопје, на кејот на реката Вардар се развеа транспарент „Македонија на Македонците“.

Транспарентот со моќна порака беше развеан на кејот на реката Вардар пред пријавените учесници да скокнат во водите по светиот крст.

Даниел Дончевски беше најсреќен од вкупно 150-те пријавени граѓани за фаќање на крстот во Скопје.

Дончевски од скопско Ченто го фати Светиот крст во реката Вардар што денеска напладне од мостот кај Министерството за надворешни работи го положи архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Тој, по петти пат го фаќа светиот крст до сега.

Христијанскиот празник Богојавление- Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

Традиционално, во реките се положуваат крстови, а оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.

поврзани објави

Последни објави