13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

П. Колев: Добив уверување дека компликациите за добивање бугарско државјанство се решени

Членот на ИК на ГДУ и претседател во оставка на здружението „Македонско-Бугарско Пријателство“, Петар Колев преку својот facebook профил соопшти дека добил уверување од пратеници, кои се дел од владејачкото мнозинство во бугарскиот парламент дека компликациите за добивање на бугарско државјанство за кандидатите од Македонија, веќе се решени. Ви ја пренесуваме во целост информацијата објавена од Петар Колев:

„Почитувани пријатели, ми претставува задоволство да го споделам следново со вас.Имено, денеска во Софија имав серија средби во Собранието на Република Бугарија со наши пријатели пратеници од владеачкото мнозинство. Како претседател во оставка на Здружението за Македонско-Бугарско пријателство и член на ИК на ГДУ разговаравме за приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ, веќе ратифицираниот договор за добрососедство, поддршката за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, како и компликациите околу процедурата за добивање на државјанство на кандидати од Република. Македонија. Ја изразив нашата благодарност за подкрепата која ја добива Република Македонија за својата интеграција во ЕУ и НАТО. 
Недвосмислен е впечатокот дека договорот за добрососедстсво отвара нови перспективи во односите меѓу Скопје и Софија, кое резултира со безрезервна поддршка за наше членство во НАТО и ЕУ. Исто така, добив уверување дека компликациите и забавувањето во постапката за бугарско државјанство за кандидати од Македонија се веќе решени и граѓаните на Македонија кои одговараат на законските барања можат да бидат спокојни. Ја изразив својата благодарност за нивниот ангажман за надминување на овој момент и изразив оптимизам и верување од тоа што процесот е регулиран.

Со почит,
Петар Колев“.

поврзани објави

Последни објави