18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Премиерите Борисов и Заев разговараа за активирање на работата за транспортната инфраструктура

Премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов разговараше со премиерот на Република Македонија Зоран Заев за активирање на работата за изградба на транспортната инфраструктура на Балканот. Борисов посочи, дека при средбите во Стразбург го поставил прашањето за поврзаноста како прв чекор за интеграцијата на државите од регионот. Бугарскиот премиер кажа, дека ја истакнал важноста на Коридорот №8 за целиот континент и неопходноста на државите, кои не користат еврофондови, да бидат помогнати финансово.

Бојко Борисов посочи исто, дека му наложил на министерот за транспорт, информатичките технологии и врски лично да го следи напредокот на железничкиот проект Софија – Скопје – проект чија важност беше истакната од многу жители на Струмица на заедничкиот состанок на владите на Бугарија и на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави