20.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024
Платено политичко рекламирање

Јанакиески веќе не е вработен во ВМРО-ДПМНЕ, туку во Пелистерка

Екс министерот Миле Јанакиески на денешното судење рече дека не е повеќе вработен во ВМРО-ДПМНЕ туку во Пелистерка. Инаку тој, Никола Груевски и екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски седнаа на обвинителна клупа за незаконско уривање на комплексот Космос, сопственост на бизнисменот Фијат Цановски.

Одбраната на екс премиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески и Тони Трајковски побараа медиумите да не снимаат во судницата, но и покрај тоа, медиумите за прв пат имаа можност да го снимат Груевски на обвинителна клупа.

Адвокатот на еден од обвинетите рече дека двете камери на судот се „свадбарски“ и не се дел од АКМИС системот, односно не може она што се снима директно да внесе во записникот. Поради ова, според адвокатот, судот не можел да го спроведе одредбите од Законот за кривична постапка и дека оцени дека нема услови за водење на постапката. Судијата процени дека проговот е неоснован. Вели, камерите се во ред и истакна дека се ќе биде внесено во записникот.

Адвокатот Боро Тасевски побара од судот да се расчисти ситуацијата дали незаконски прислушуваните материјали се доказ или не. Обвинителот на СЈО во истакна дека има одлука на скопска Апелација дека „бомбите“ може да се користат како доказ.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави