18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Ќе бидеме ли државјани на Република „Горнамакедонија“ (споено)

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на средбата во вторникот во Атина со специјалниот пратеник на ОН во спорот за името Метју Нимиц, го предложил името „Република ГорнаМакедонија” без англиска транскрипција, како прифатливо решение за спорот со името, објавија грчки медиуми.

Грчкиот портал iefimerida.gr во четвртокот пишува дека од четирите предложени имиња од медијаторот Метју Нимиц Грција предлага кованица, во која зборот Македонија би бил споен со придавката горна.

Од петте предлози за ново име предложени од Нимиц, Грција најмногу била за Република Вардарска Македонија, а македонската страна за Република Нова Македонија, па како компромис излегло името Горна Македонија. Но, и на ова име, Грција го предложила името Република ГорнаМакедонија (споено и така да се изговара, за да се избегне посебниот изговор на Македонија), пишуваат грчките медиуми.

Според информациите на изданието, грчко-македонскиот договор веќе е постигнат и двете земји се согласиле за сè, вклучувајќи ги и промената на Уставот и откажување од иредентистичките елементи во Уставот. Договорот, исто така, ќе ги опише детално економските и развојните односи на двете земји. Извори кои имаат познавање на случајот објаснуваат дека „ПЈРМ ќе стане еден вид кантон на Грција, со специфични развојни услови, економски и трговски“, пишува весникот.

поврзани објави

Последни објави