Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, по цела година откри што имаше во сината кутија од „Тифани“, која што Меланија Трамп ѝ ја поклони на денот на инагурацијата на Доналд Трамп за претседател.
– Тоа беше убава рамка за слика, рече Мишел за емисијата која ја води Елен Деџенерис, во своето прво појавување по излегувањето од Белата куќа, а која ќе биде емитувана утре.
– Постои протокол. Тоа е како државна посета кога ти кажуваат – сега ќе го правиш ова, таму стојат тие и други работи. Никогаш претходно не се давал поклон во таа прилика, па размислував што да правам со кутијата, објаснила Мишел Обама.
Публиката на тоа се насмеала, а таа додаде дека сите се повлекле.
– Никој не доаѓаше да ја земе кутијата, наведува Мишел, напоменувајќи дека тогаш ја спасил сопругот.
– Размислував дали треба да се фотографираме со поклонот, а тогаш мојот маж ме спаси. Ја зеде кутијата и ја стави позади.