13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Велат – ПРОЧИТАН Е, но не – МУРИЊО Е СЈАЈЕН!

Првите 100 натпревари на клупата на Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо во петок по стоти пат ги водеше Црвените ѓаволи и дојде вистинско време кога треба да направи пресек односно да се погледнат неговите резултати како менаџер на клубот. 

 

Мурињо е менаџер на Манчестер Јунајтед и тоа официјално од 27. мај 2016 година. Тоа и не е така одамна, а тој веќе стаса до трицифрена бројка кога станува збор за бројот на натпревари на најтрофејниот англиски клуб под негово водство.

Вкупно на 100 натпревари Мурињо забележа 62 победи, 23 ремија и 15 порази, по што неговиот процент на победи е 62 %. Во споредба со претходните тренери на англискиот клуб, Португалецот во првите 100 натпревари има подобар учинок односно резултат од сите негови претходници. На пример, легендарниот Фергусон имал само 42 победи, 31 реми и 21 пораз додека пак неговиот претходник Луис Ван Гал 52 победи, 25 ремија и 23 порази односно резултат од 52 %.

Специјалниот веќе освои три трофеи со клубот и тоа во својата прва сезона, што никому не му појде од рака со овој клуб, кога станува збор за неговите претходници.

ФОТО

Кога станува збор за засилувањата, Јунајтед во ерата на Мурињо потроши вкупно 295, 3 милиони фунти. Најскапо платен е Пол Погба, а по него следи Ромелу Лукаку па Немања Матиќ. Прекрасна работа заврши португалецот со донесувањето на Ибрахимовиќ (и тоа бесплатно) на Олд Трафорд, но и со буквално земањето на Санчез од пред носот на тимот на Венгер.

Велат – целта ги оправдува средствата, а Мурињо кон тоа се и придржува. Автобусот можеби и не е некој најнов модел, но се уште вози!

Има многу од тие кои велат дека времето на Мурињо е пројдено, и дека неговите методи се застарени и ПРОЧИТАНИ…  но, уште не го прочитале до таа мера, да го натераат да се откаже од својот стил и да проба нешто ново. Не е тоа бша така лесно. 

На крај краева на кого уште му треба доказ – нека ги погледне уште еднаш бројките, фактите и трофеите.

НАЈСМЕШНИТЕ МОМЕНТИ ОД МУРИЊО ВО ЈУНАЈТЕД

https://www.youtube.com/watch?v=ntqt7S7WUxw

поврзани објави

Последни објави